Ванковска за Кодексот за фер избори: Во ова парче хартија не верувам, кампањата е веќе почната

Од:

Кандидатите за претседател во Државната изборна комисија потпишуваат Кодекс за фер и демократски избори.

– Јас ќе го потпишам овој Кодекс, го сметам ова за протоколарен чин. Меѓутоа во ова парче хартија не верувам. Ова е празно слово на хартија. Во земја во која не се почитува Устав и закон ние тука убави зборови ќе кажеме дека кампањата ќе биде на високо морално и политичко ниво.

Но, она што се случува на терен е различно, Прво кампањата е почната, кампањата е веќе фаворизирана. Јас поднесов претставка пред Уставниот суд, а денес овластивме адвокат кој ќе покрене судски постапки против ДИК и АВМУ. Сер работи за дискриминаторската распределба за она малку време што го имаме за претставување пред граѓаните.

Лично како професор и кандидат ќе ги почитувам стандардите, но правната битка ќе ја водиме жестоко – порача кандидатката за претседател, Билјана Ванковска зад која стои партијата Левица.

Би можело да ве интересира

Новиот состав на ДИК положи свечена изјава пред претседателот на Собранието

Маричиќ e нов претседател на Државната изборна комисија

Бојан Маричиќ предложен за претседател на новиот состав на ДИК

(ВИДЕО) Првичен изборен пресек: ДИК ги соопшти неофицијалните резултати во четирите општини

Горан Наумовски

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18.30 часот изнесува 28,07 отсто

ДИК: Одѕивот на повторените избори намален во повеќето општини, освен во Врапчиште