Ванхауте: Промена на режимот преку избори повеќе не е опција

Од:

Белгискиот експерт и посредник на ЕУ во Македонија Питер Ванхауте во недела на 27 март и формално го завршува мандатот на медијаторот на Европската Унија во Македонија.

Во разговор за Дојче Веле, Ванхауте вели дека е шокиран од атмосферата на страв во земјата и смета дека изборите нема ништо да променат ВМРО-ДПМНЕ, вели, стига до сите сите делови на општеството и не дозволува никакво слободно и критичко мислење.

На прашањето дали Македонија е подготвена за избори на 5. јуни, Ванхауте вели:

„Македонија повеќе од јасно не е подготвена за избори. Од аспект на резолуција на конфликти, најпрво мора да се решат сите клучни проблеми и да се врати земјата назад во нормална функционална демократија.

Дури тогаш може да се размислува за организирање избори. Невозможно е во оваа временска рамка да се решат големиот број проблеми или проблемите со избирачките списоци. Со вештачко намалување на бројот на проблемите, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да избега од својата одговорност по обвинувањата за организирана изборна измама на претходните избори и отфрла секаква одговорност за злоупотребите на изборните листи. Дополнително, повеќе медиуми се под целосна контрола на ВМРО-ДПМНЕ.

Преговорите за медиумските реформи пропаднаа затоа што партијата одбива да предаде било каква контрола врз медиумите и врз Агенцијата за регулација на медиумите. Недостатокот на медиумски слободи и на балансирано политичко известување е една од главните причини зошто изборите сега не се баш добра идеја.

Дополнително, поради отсуството на сепарација на партијата и државата невозможно е да се организираат слободни и фер избори со еднакви услови за сите партии“.

Ванхауте е шокиран од големиот број луѓе кои се во притвор само поради тоа што и се спротивставиле на Владата или одбиле да ги прифатат нејзините правила.

Шокиран е од големиот број луѓе, вклучително и судии, кои беа отпуштени последниве години. Шокиран е од високото ниво на корупција, каде купувањето диплома и универзитетски звања е прифатена пракса, додека низ целата земја се вработуваат некомпетентни луѓе, пракса што ќе резултира во целосен крах на нормалното функционирање на земјата.

Шокиран е од слабиот квалитет на образованието, каде децата се учат дека некои луѓе, како банкари или политичари се подобри од луѓето од ‘пониските слоеви,’ и притоа мораат да учат фалсификувана историја.

„Промена на режимот преку избори повеќе не е опција. Меѓународната поддршка е единствена алтернатива, а итно е потребно дејствување.

Тоа дејствување треба да резултира во создавање на ад хок техничка влада за најмалку 2-3 години, време кое е неопходно за решавање на бројните проблеми, во финансискиот менаџмент, судството, образованието и медиумите, со кои се соочува земјата.Најголемата пречка за излез од кризата е неодлучноста на меѓународната заедница“, вели Ванхауте.

Би можело да ве интересира

Течат роковите за приговори за изборите и инаугурација на новата претседателка

Димитриевски: Потврдивме минимум пратеничка група, ќе бидеме со граѓаните и ќе работиме за нив

Орце Костов

Број на пратеници: ВМРО-ДПМНЕ 59, ДУИ 19, СДСМ 18, ВЛЕН 13, Левица 6 и ЗНАМ 5

Орце Костов

Силјановска-Давкова: Има ли поголема промена од тоа што жена првпат ќе биде претседател

Орце Костов

Касами: Од утре почнуваат преговори за влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Влен

ВМРО-ДПМНЕ 227.944 гласови, СДСМ 77.658 гласови од 63% обработени избирачки места

Орце Костов