Вангеловски се откажа од трката за претседател на Врховен суд

Од:

Судскиот совет на денешната седница не успеа да избере тројца нови судии во Врховниот суд.

За изборот на судиите е потребно двотретинско мнозинство од членовите на Советот, а според претседателката на Судскиот совет, Александра Зафировска немало притисоци ниту политички влијанија за изборот на новите судии.

Судскиот Совет не избираше и претседател на Врховниот суд, за која функција подолго време се шпекулира дека ќе и припадне на поранешната претседателка на скопскиот Кривичен суд и актуелен апелационен судија, Лидија Неделкова. Во трка е и судијата Ристо Катевеновски, а актуелниот претседател Јово Вангеловски, иако се пријави за реизбор, сепак, ја повлекол својата кандидатура.

Повлекувањето на Вангеловски го потврди и претседателката на Судскиот совет Александра Зафировска.

Неуспешен беше и обидот за избор на претседател на Кривичниот суд и огласот ќе биде повторен. Поддршка од советниците за напредување во Апелациониот суд не доби ниту судијката Павлина Христова која ја изрече пресудата за „Пајажина“.

Би можело да ве интересира

Судот нареди итна забрана за контролата на Маск врз американските платежни системи

Горан Наумовски

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Ранета паднав на подот од училницата, убиецот беше мирен: Сведоштво на наставничката по историја од „Рибникар“

Предраг Петровиќ

Нападнат судски полицаец од Основниот граѓански суд во Скопје

Човек помина 50 години невин во затвор: Сега добива милионска отштета

Кривичен го препрати предметот против Мерко во струшкиот суд: Не биле надлежни тие, туку судот во чие подрачје се извршило делото