Вангел Андрески е нов в.д. директор на ЈП Паркинзи на Општина Центар

Од:

Вангел Андрески е новиот в.д. директор на ЈП „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје. Тој доаѓа на оваа позиција на местото на досегашниот директор Саша Богдановиќ, кој беше избран за градоначалник на Општина Центар.

Богдановиќ, на вчерашната средба, го именуваше Андрески за вршител на должноста Директор на јавното претпријатие за јавни паркиралишта „Паркинзи“ на Општина Центар – Скопје, сé додека не биде назначен нов директор на претпријатието.

Вангел Андрески во изминатите четири години ја извршуваше функцијата помошник директор за економско финансиски работи во ЈП ПОЦ.

Би можело да ве интересира

Горан „бетоњерка“ Герасимовски го турка планот за „Барутана“ на Водно: Чии интереси штити?

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец