Ванадали направиле голема штета на патеките покрај реките Брегалница и Отиња

Од:

Во текот на викендот непознати вандали искршиле 20 столбови од оградата на пешачката патека покрај реката Брегалница, а сите корпи за отпадоци ги фрлиле во реката. Скршен е мостот на реката Отиња, а оштетени се и повеќе клупи во паркот во населбата Сењак, информираше денеска на прес-конференција директорот на ЈП „Исар“-Штип, Ангел Бојаџиев.

Штетата која ја направиле вандалите изнесува над 2.000 евра.

-Граѓаните макотрпно издвојуваат од своите буџети и даваат пари за плаќање на даноците и ги плаќаат своите сметки редовно, а ние работиме дење и ноќе за граѓаните да можат да се рекреираат на патеките. Но, очигледно на некој тоа не му се допаѓа, а не се свени дека тоа се нивни пари, истакна Бојаџиев.

Тој најави дека случајот ќе го пријават во Полициската станица во Штип и се надева дека истражните органи ќе ги пронајдат сторителите на овој вандалски чин.

Би можело да ве интересира

Маж од Штип сексуално злоставуваше 16-годишно девојче

Штипска Апелација ја укина казната доживотен затвор за Стојанче Зарков, предметот се враќа во Основниот суд

Горан Наумовски

Се опоравува штипјанецот кој се здоби со изгореници гаснејќи пожар

Горан Наумовски

Изгаснат е големиот пожар во Штип

Горан Наумовски

Пожарот над Штип е под контрола

Горан Наумовски

Автомобил се преврте на улица во Штип – заврши во двор на куќа

А1он