Валандовско Брајковци ќе добие градинка за згрижување 40 деца

Од:

Во валандовското село Брајковци започна изградба на нова градинка, која, според надлежните институциите, ќе ги исполнува сите неопходни стандарди за квалитетен образовен процес и ќе обезбеди современи услови за згрижување и престој на 40 деца.

Градинката во Брајковци ќе се простира на површина од 360 метри квадратни и во својот состав ќе има две занимални, кујна, трпезарија и други потребни простории како и комплет санитарни јазли и тоалети, велат од општината.

Финансиските средства за изградба на новата градинка во Брајковци ги обезбеди Министерството за труд и социјална политика.

Покрај од Брајковци нејзините услуги ќе можат да ги користат и жителите од соседните населени места.

Би можело да ве интересира

Костадинов: Барам поддршка за нов мандат за продолжување на развојот и инвестициите во Валандово

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Гласот за Перо Костадинов е глас за продолжување на развојот, за секое маало, за цело Валандово

Горан Наумовски

Сериозен пожар кој зафаќа голема површина во Валандовско, се шири во два крака

А1он

Пожарот кај валандовско Грчиште е активен, повредени се двајца вработени во „Македонски шуми“

Земјотресот во Валандово и околината

Во сообраќајка тешко повреден е возач