Валандово ја одложи одлуката за референдум за рудниците во Казандол и Башибос

Од:

Со осум гласови за од вкупно 15, Советот на општина Валандово доцна ноќеска само ја поддржа иницијативата на подносителот на барањето за собирање потписи, но ја одложи за уште најмалку три дена одлуката за референдумско изјаснување на граѓаните по прашањето „дали се за или против работењето на рудниците во Казандол и Башибос“.

Ваквата одлука валандовскиот Совет ја донесе поради потребата од консултации на претседателот на Советот со Закононодавно-правната комисија за правната издржаност на одлуката.

Кај подносителите на барањето за референдум, одлуката е примена со сомнеж од причина што по три дена истекува и мандатот на градоначалникот и советниците поради што сметаат дека оваа локална власт си купила време да не се изјаснува по барањето за реферндум.

Во југоистокот на државата актуелно е референдумското изјаснување на граѓаните за или против отворање рудници. Гевгеличани веќе се изјаснија против, вчера советниците на општина Дојран донесоа одлука референдум да се одржи на 18-ти јуни, во Богданци претходно беше одлучено референдум да се одржи на 11 јуни, а неизвесноста продолжува само во општина Валандово.

Би можело да ве интересира

Сериозен пожар кој зафаќа голема површина во Валандовско, се шири во два крака

А1он

Пожарот кај валандовско Грчиште е активен, повредени се двајца вработени во „Македонски шуми“

Земјотресот во Валандово и околината

Во сообраќајка тешко повреден е возач

Земјотрес во близина на Валандово

Горан Наумовски

Маж од Валандово запалил возило на сограѓанин