Валандово е подготвено да отстапи простор за лицата со попреченост

Од:

Градоначалникот на Валандово Перо Костадинов потврди дека Општината е подготвена да отстапи простор за лицата со попреченост кои требаше да бидат сместени во неготинското село Темјаник.

– Останувам на мојот став објавен на социјалната мрежа фејсбук дека општина Валандово е подготвена да отстапи простор и да создава услови за хумани дневни центри за лицата со попреченост, изјави Костадинов.

И да нема таков простор, дополни, Валандово ќе најде.

Алудирајќи на тројцата штитеници од Заводот во Демир Капија кои треба да бидат сместени во селото Тимјаник, Костадинов рече дека иако сите се различни, заслужуаат еднакви шанси.

Во ова село попладнево на средба со жителите беше министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, но жителите на Темјаник упорно одбиваат три деца со попреченост од Заводот во Демир Капија да бидат сместени во објект во селото.

Би можело да ве интересира

Маж од Валандово запалил возило на сограѓанин

Автомобил тешко повреди 67-годишен пешак

Им ја запалил влезната врата, кога излегол сопственикот го испрскал со спреј – уапсен 23 годишник во Валандово

Анита Петровска Рајковиќ

56-годишен маж од Валандово пронајден починат во својот дом

Манифестација Меѓународен ден на задруги 2023 во Валандово

Никнува бугарски клуб во Валандово со претседател Македонец: Мислат дека сум се продал за пари

A1on