Вакцините штитат од смрт од Ковид-19, различно се ефективни во спречувањето хоспитализација

Од:

Истражување за ефектите на вакцините против Ковид-19 кај македонската популација покажува дека нема големи разлики меѓу вакцините од различни производители во спречувањето тешка болест и смрт, но има разлики во спречувањето хоспитализација.

dobivaj vesti na viber

Според тековното истражување, две дози од антиковид-вакцината на производителот „Фајзер-Бионтек“ имале највисока ефективност во спречување хоспитализација, следни се вакцините на „АстраЗенека“ и на „Синовак“, сите со ефективност над 92 отсто. Вакцините на „Синофарм“ и на производителот „Gamaleya Institute“, според анализата, покажале послаба ефективност во спречување хоспитализација од претходните три вакцини, но сепак имаат висока ефективност од над 80 отсто.

Како што вчера соопшти Министерството за здравство, ова се првични резултати на истражувањето кое го предводи д-р Харис Бабачиќ, епидемиолог и докторанд-истражувач на Институтот „Каролинска“ во Стокхолм, во соработка со Жаклина Чагороска од Управата за електронско здравство при Министерството за здравство.

Според анализата, една доза вакцина против КОВИД-19 е недоволна за спречување тешки исходи од болеста и ја истакнува важноста да се примат најмалку две дози.

Во првичната сеопфатна анализа на ефективноста на антиковид-вакцините во спречување хоспитализација и смрт кај македонската популација биле следени сите корисници на националниот електронски здравствен систем „Мој термин“ од денот на првата регистрирана вакцинација (15 јануари 2021) до 30 септември 2021.

Светската здравствена организација (СЗО) вчера соопшти дека верува дека постојните вакцини „ќе продолжат да спречуваат сериозни болести“ во случај на инфекција со омикрон.

Минатата недела СЗО соопшти дека новиот вид на КОВИД-19 е „загрижувачка варијанта“, но портпаролката на СЗО, Маргарет Харис, оцени дека омикрон не е сој што треба да предизвикува паника.

Здравствените експерти наведуваат дека новата варијанта на коронавирусот – омикрон сега станува доминантна во Јужна Африка и предизвикува нагло зголемување на новите инфекции.

Шефот на „Фајзер“, д-р Алберт Бурла, изјави дека веќе имаат направено ажурирани вакцини како одговор на сојот бета, исто така идентификуван првпат во Јужна Африка, и делта-варијантата, првпат откриена во Индија.

Компанијата сега работи на ажурирана вакцина како одговор на сојот омикрон, која може да биде готова за 100 дена.

Бурла вели дека вакцините помогнале да се спасат милиони животи за време на пандемијата и без нив „фундаменталната структура на нашето општество би била загрозена“.

До крајот на годината, „Фајзер“ очекува да испорача три милијарди дози од својата вакцина, а четири милијарди се планирани за следната година.

Во вчерашната статистика, според податоците на Институтот за јавно здравје, беа регистрирани 333 нови случаи на КОВИД-19 од 2440 тестирања, починаа 16 пациенти, најмладиот на 33 години, а 376 пациенти се оздравени.

Активни случаи во државата има 8050, од кои 3835 се во Скопје, а над 300 активни имаат Битола (615), Прилеп (426), Велес (327), Кавадарци (307) и Охрид (302).

Би можело да ве интересира

Мицкоски повторно e позитивен на коронавирус

Горан Наумовски

590 нови случаи на Ковид-19, двајца починати

Ана Ололовска

Десетмина починати и 889 новозаразени од ковид-19

Горан Наумовски

Четворица починати и 619 новозаразени од ковид-19

Горан Наумовски

Десет починати, 600 нови случаи на Ковид-19

Ана Ололовска

Двајца починати и 693 новозаразени од Ковид-19

Горан Наумовски