Вакцинираните во Србија да не земаат клексан, нема потреба од дополнителна терапија, советува Филипче

Од:

Граѓаните кои примиле прва доза од вакцината на „АстраЗенека“ во Србија нема потреба да земаат дополнителна терапија, рече денес министерот за здравство Венко Филипче. Сите ќе бидат ревакцинирани, за што министерот очекува дополнителни препораки.

„За дел од граѓаните кои се вакцинираа во Србија сакам да кажам дека нема препораки дека нешто превентивно треба да се прави ако некој примил доза. Да не земаат на своја рака клексан или фраксипарин против згрутчување на крвта, нема потреба. Ретки се случаите со несакани ефекти“, рече министерот Филипче.

Викендот и минатата недела претпоставките се дека во Србја вакцината на „АстраЗенека“ ја примиле повеќе од 12.000 Македонци. Меѓу нив е и пулмологот Анѓелко Ѓорчев кому му се слошило по вакцината, паднал во длабока кома и сместен е во новиот Клинички центар во Ниш, но српските здравствени власти изјавија дека неговата состојба не е последица на вакцинирањето.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски