Вакцинирани 80 илјади граѓани, две дози примиле над 20 илјади лица

Од:

Масовната вакцинација на населението продолжи и вчера во спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје и во останатите шест регионални пункта низ државата. Според Министерството за здравство, вакцинацијата се одвива непречено, а интересот за вакцинирање секојдневно се зголемува.

Преку веб-платформата vakcinacija.mk пријавени се над 256.346 граѓани, а на вакциналните пунктови во државата, заклучно со завчера, се вакцинирани вкупно 84.312 граѓани. Прва доза вакцина завчера примиле 10.135 граѓани, а вкупно се вакцинирале 12.606 граѓани. Во државата две дози примиле 20.650 граѓани. Со последните бројки, 28 проценти од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина.

Вакцинацијата се спроведува согласно Националниот план за имунизација. Се вакцинираат возрасни лица, граѓани кои искажале интерес за вакцинација на веб-страницата vakcinacija.mk , а се вакцинираат и лица вработени во критична инфраструктура. Масовна вакцинација, покрај во А1 СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, се одвива и во спортските сали во Кавадарци, Куманово, Тетово, Штип, Битола и Охрид.

Според последните податоци на МЗ, вкупно 883 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови. Има околу 847 празни болнички кревети во ковид – центрите. Во претходното деноноќие, имало нови 234 случаи на Ковид-19 од 2.907 направени тестирања. Починати се 25 пациенти, најмладиот на 27 години. Оздравени се 786 лица. Вкупниот број на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 153.694 од направени 734.904 тестирања. Оздравени се 137.331, починати 5.067, а активни случаи има 11.296.

Дел од намалените рестриктивни мерки оваа недела беше намалувањето на времетраењето на полицискиот час кој е во сила од 23 часот навечер до 5 часот наредниот ден, како и продолжувањето на работно време за терасите на угостителските објекти, за дополнителни олабавувања на рестриктивните мерки ќе се одлучува на почетокот на следната недела.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски

Три години откако СЗО прогласи пандемија од Ковид-19, вирусот се уште присутен, но со намален интензитет

Ана Ололовска