Вакцинацијата против сезонски грип почнува на 22 ноември

Од:

Министерството за здравство информира дека вакцинацијата против сезонски грип почнува на 22 ноември 2019 година.

За претстојната сезона 2019-2020 година, набавени се 28.000 бесплатни вакцини за лица над 65 години, лица со хронични заболувања, деца на возраст од 6 месеци до 5 години, бремени жени, како и здравствени работници.

Дополнително, набавени се и 21.000 комерцијална вакцина од Центрите за јавно здравство.

За првпат, од оваа година се подобрува достапноста на бесплатните вакцини против сезонски грип, покрај 10-те Центрите за јавно здравје, во вакцинацијата ќе бидат вклучени и три поликлиники: Букурешт, Чаир и Ѓорче Петров при Здравствен Дом Скопје.

Во Центрите за јавно здравје, вакцинацијата ќе се одвива во две смени, додека пак бесплатната вакцинација во трите поликлиники ќе се одвива во периодот од 14:00 до 18:00 часот.

Заинтересираните лица можат да закажат бесплатна вакцинација од 18 ноември, преку својот матичен лекар.

Како и во изминативе сезони, пикот на активноста на вирусот на сезонски грип се очекува во месец февруари.

Вакцинацијата во ноември и декември ќе обезбеди најголема заштита во периодот кога се очекува активноста на вирусот да биде највисока, а тоа е во месец февруари 2020 година.

Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири неточни информации во јавноста. Ширењето на лаги стана главната одлика за нивно функционирање, кои внесуваат забуна, недоверба и на штета на пациентите, велат од Министерството.

Сите постапки кои се спроведуваат во Министерството за здравство се законски, во рок, јавни, транспарентни и на увид на целата јавност, наведуваат од таму.

Потенцираме, пикот на активноста на вирусот на грип е во месец февруари. Ноември и декември е оптималното време за вакцинација.

Лековите се оригинални, квалитетни и не се од паралелен увоз, како што претходно беа набавувани.

Би можело да ве интересира

МЗ: Вакцина против сезонски грип примиле 50 илјади граѓани

А1он

Започнува вакцинацијата против сезонски грип

А1он

Потпишана Декларација за промоција и поддршка на вакцинацијата

Горан Наумовски

ИЈЗ: Се намалува бројот на заболени од грип, досега починале 14 лица

Горан Наумовски

Намалување на бројот на заболени од грип

Невакцинирани деца не би требало да се вратат во градинка вели новиот министер за здравство