Вакцинацијата против Ковид-19 и намалениот број на новозаразени – надеж дека животот полека ќе се врати во нормала

Од:

Вакцинацијата е главниот спас од која било инфекција, па така и од Ковид-19. Од вакцинацијата се очекува најголемата заштита, таа не штити стопроцентно, но спречува тешка клиничка слика, како и смртни последици. Македонските граѓани во се поголем број секојдневно се вакцинираат, но не само на вакциналните пунктиви во земјава, туку и во соседна Србија.

Намалениот број на новозаразени лица, како и бројот на имунизирани и прележани дава голема надеж дека конечно ќе стивне состојбата со епидемијата и животот полека ќе се врати во нормала.

Директорката на Клиниката за Инфективни болести и фибрилни состојби Милена Стевановиќ синоќа изрази надеж дека ќе имаме мирно лето, но нагласи дека мерките мора да се почитуваат и да бидеме претпазливи.

Откако на македонските граѓани им е овозможена имунизација без претходна пријава преку српската владина е-управа, пред главниот пункт за вакцинација на Здравствениот дом во Спортската сала во Врање, се формираат редици од голем број граѓани на Северна Македонија кои пристигаат во Врање за вакцината против вирусот Ковид-19.

Од Здравствениот центар во Врање соопштија дека заради зголемениот број на луѓе зајакнати се сите пропишани епидемиолошки мерки, „пред се мерките за заштита и дезинфекција, како и дезинфекција на просторот“.

– На граѓаните на Република Северна Македонија им беше наложено да не прават гужви и им беше кажано дека сите ќе бидат вакцинирани, изјавија од Здравствениот центар во Врање.

Последните неколку дена, стотици Македонци се вакцинирани во Врање.

Според последните податоци во земјава, активни се 451 случај на заболен од Ковид-19. Од почетокот на епидемијата досега беа заразени 155.441 лица, оздравеа 149.528 пациенти, а починаа е 5.462 лица.

Досега во земјата се направени вкупно 818.746 тестирања на Ковид-19.

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата. Вкупно се аплицирани 399.962 дози вакцини, а ревакцинирани се 150.775 граѓани.

Бројот на лица кои изразиле желба за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 443.374 граѓани.

Со последните бројки барем една доза од вакцината имаат примено 48 проценти од населението над 70 години, 42 отсто од населението над 65 години и 35 проценти од населението над 60 години.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on

Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија за прекршоците во ковид кризата

Катерина Ѓуровски