Вакцина за коронавирус најбргу може да се очекува најмалку за 12 до 18 месеци

Од:

Вакцината за коронавирусот не би можело да се очекува да биде произведена до крајот на оваа година. Процесот за секоја вакцина е долготраен и со максимално забрзување, најмалку се потребни 12 до 18 месеци, а и претходат и неколку фази на претклинички испитувања, рече д-р Владимир Микиќ.

-Според она што досега го знаеме, во најбрз можен рок, меѓу година и година и пол би бил периодот кога може да се произведе, рече епидемиологот,  одговарајќи на прашање на денешната видеосесија за КОВИД-19 кога би можело да се очекува вакцина за новиот вирус.

Д-р Жарко Караџоски додаде дека според некои насоки можеби во септември би имало претклиничко истражување и се согласува до крајот на 2020 вакцина се уште ќе нема.

-На крајот на 2020 година нема да имаме вакцина, меѓута во иднина на ова ќе гледаме дека сме се бореле со непозната работа која ќе биде сезонска, рече Караџоски, додавајќи дека целата состојба ја следат и низа информации, кои се уште се на ниво на шпекулација, меѓу кои и дека вирусот во следниот период ќе почне  да се шири  на Јужната полутопка и дека следната година може да ни се врати како сезонско заболување.

Би можело да ве интересира

Првата руска вакцина против рак, почнаа клинички испитувања

Предраг Петровиќ

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Путин најави вакцина против рак

Раст на интересот за вакцинирање по зголемениот број случаи со голема кашлица, најавено двосменско работење и работа в сабота