На вакциналните пунктови во државата заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 135.574 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 13.976 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 14.976 граѓани информира Министерството за здравство.
Во државата вкупно се аплицирани 160.425 дози вакцини, а ревакцинирани се 24.851 граѓани. Со последните бројки 35% од населението над 70 години има примено барем една доза вакцина.
Бројот на лица кои кои се пријавиле за вакцинација преку веб платформата vakcinacija.mk е 318.793.