Вајгл, Кукан и Ховит: Разговорите во Стразбур искрени и треба да продолжат

Од:

По десетчасовните разговори меѓу Никола Груевски и Зоран Заев во Стразбур, тројцата пратеници олеснувачи од Европскиот парламент (ЕП) – Иво Вајгл, Едвард Кукан и Ричард Ховит, испратија кратко соопштение во кое се поздравува, како што се наведува, искрената дискусија која се водела изминатата ноќ и се изразува очекување дека разговорите меѓу лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ ќе продолжат, пренесува дописникот на МИА од Стразбур.

„Во контекст на разговорите кои се одвиваат, премиерот Никола Груевски и лидерот на главната опозициска партија Зоран Заев се сретнаа со Иво Вајгл, Евдард Кукан, Ричард Ховит и комесарот Јоханес Хан во Стразбур на 19-20 мај 2015 година. Пратениците и комесарот Хан ги поздравуваат напорите на лидерите на партиите да работат за постигнување договор во интерес на сите граѓани на земјата и да се решат предизвиците кои произлегуваат од кризата во согласност со европските стандарди.

Партиите ја потврдија нивната определба за ЕУ интеграција и демократските принципи и се согласија дека на прво место мора да ги стават интересите на земјата. Пратениците и комесарот Хан ја поздравија искрената дискусија околу клучните теми на несогласувањата. Сите страни се согласија дека е важно средбите да продолжат“, се наведува во заедничкото соопштението на тројцата пратеници и еврокомесарот Хан.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

СДСМ: Каков мандат, таков извештај – катастрофата на Мицкоски потврдена од Брисел