Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, во соработка со десетте општини од регионот, организира авио-третирање против комарци. Предвидени се две прскања на територија од 5.741 хектари.
Од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известуваат граѓаните на општините Богданци, Босилово, Валандово, Василево, Гевгелија, Дојран, Конче, Ново Село, Радовиш и Струмица дека првото прскање е планирано да се изврши в недела (17 јуни) во раните утрински часови, односно, во периодот од 04:30 до 09:30 часот.
Оттаму посочуваат дека доколку временските услови не дозволат да се реализира прскањето, истото ќе се спроведе на 18 јуни годинава во истиот временски период.
Од Центарот за развој на Југоисточниот плански регион ги известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземат соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период.