„В џеб, ако нема каде друго“ денеска во Сарај

Од:

Активисти на Движењето ЛЕАД ќе го реализираат нивниот проект „В џеб, ако нема каде друго, денеска од 13 часот, во Скопски Рекреативен Центар Сарај. Учесниците на ЛЕАД со поддршка на волонтери, ќе го чистат Сарај од отпадоци.

Целта на проектот „В џеб, ако нема каде друго“ е да се крене јавната свест кај граѓаните за зачувување на животната средина. За таа цел, групата активисти ќе носи капи со слоганот „В ЏЕБ, ако нема каде друго“. Исто така, акцијата овозможува младите од различни етнички заедници да работат заедно и да се дружат.

Проектот „В џеб, ако нема каде друго“ е поддржан од Програмата Цивика Мобилитас, која ја спроведуваат НИРАС од Данска, Македонскиот центар за меѓународна соработка и Шведскиот институт за јавна администрација СИПУ.

Би можело да ве интересира

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Инцидент во Сарај: Маж со пиштол пукал кон познаник

Мотоцикл удрил во дете од селото Љубин, сопственикот тврди дека самото се удрило

А1он

Ковачевски: Со отворањето на новата Поликлиника, жителите на Сарај за прв пат добиваат примарна здравствена заштита, здравјето на граѓаните е наш врвен приоритет

Најден запален автомобил во Сарај, МВР и Обвинителството проверуваат дали го возел пукачот од Ист Гејт

Александар Тодески

Голема роденденска тепачка во Сарај: Се истепаа 13 роднини, се удираа со тврди предмети