А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

В.д. градоначалникот на Дебар, Цами, бара инспекциски надзор во општината

by А1он27/01/2019 - 12:18251
Share0

Вршителот на должноста градоначалник на Дебар, Еуген Цами преку официјално писмо упатено до Министерството за локална самоуправа и Државниот инспекторат за локална самоуправа бара инспекциски надзор во општината.

Добивај вести на вибер

Во своето писмо до одговорните институции, тој наведува дека е незадоволен од начинот на функционирање на Советот на општината,поради што е принуден да побара инспекциски надзор за „незаконските одлуки што се донесени за негово наводно разрешување,како и други одлуки донесени од Советот надвор од законските одредби“ .

-На ваков чекор се одлучив бидејќи одлуките кои Советот ги донесе за мое разрешување и избор на нов вршител на должноста се незаконски. Во ниту еден законскн акт не е предвидено такво нешто.На ова функција јас сум привремено, се до спроведвање на избор за градоначаланик, што ќе биде во април. Од декември кога бев избран со најголема одговорност и максимално совесно ја извршувам функцијата. Градоначалник сум на сите граѓани без разлика на национална, верска или партиска припадност, изјави Цами за МИА.

По куса, но жолчна расправа на спротвставени мислења, со осумте гласови на советниците на ДУИ, СДСМ и ПЕИ, без присуство на советниците од Беса,Алијансата за Албанците и ВМРО ДПМНЕ, кои ја напуштија седницата, на 17 јануари Советот на општина Дебар за вршител на должноста градоначалник го избра Хекуран Дука, советник на ДУИ.

По смртта на градоначалникот Ружди Љата, Цами за в.д.градоначалник беше избран на седницата на 10 декември со гласовите на Алијансата за Албанците, Беса, ВМРО ДПМНЕ и ПЕИ.

debar

Би можело да ве интересира

Дамјан Стефановски најсреќен по фаќањето на светиот крст во Дебар

Горан Наумовски19/01/2026 - 11:05

Воведена e забрана за тешки возила на патниот правец Маврово–Дебар

Горан Наумовски10/01/2026 - 14:31

Работник падна од зградата каде работеше – почина на пат кон болница

А1он08/01/2026 - 15:4508/01/2026 - 16:01

Откако мечка се појави на булеварот во Дебар: Не трчајте, побрза е од вас

Предраг Петровиќ26/10/2025 - 18:4027/10/2025 - 09:19

Поради врнежи од снег забрана за тешки товарни возила на патот Дебар – Маврово

Горан Наумовски03/10/2025 - 09:24

Повторно е одложено судското рочиште на кое требаше да биде презентиран извештајот од супервештачењето за случајот со родилката Веапоска

Горан Наумовски09/09/2025 - 15:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен