Утврдени имињата на уште 9 кандидати за градоначалници од ВМРО – ДПМНЕ

Од:

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вчерашната седница му ги предложи на Централниот Комитет, а тој ги утврди имињата на следните 9 кандидати за градоначалници од редовите на  ВМРО-ДПМНЕ за престојните локални избори.

За Велес е кандидиран Славчо Чадиев, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Велес, за Штип Илчо Захариев, директор на Биро за лекови, за Кавадарци Александар Панов, досегашен градоначалник, а за Свети Николе Зоран Тасев, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Свети Николе.

Кандидат за градоначалник на ВМРО – ДПМНЕ за Струга е Владо Кочовски, специјалист хирург, за Делчево Дарко Шехтански, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Делчево. додека за Чешиново-Облешево е Костадин Личков, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ-Чешиново-Облешево.

Анастасија Олумчева од партијата Демократски Сојуз е кандидат за градоначалник за Богданци, а за Старо Нагоричане е Милован Стојковски од Демократска Партија на Србите во Македонија.

Би можело да ве интересира

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците