Утврден законот што ќе овозможи враќање на незаконски изнесените икони во земјава

Од:

Владата го утврди Предлог-законот за ратификација на Договорот за соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија за враќање незаконски изнесени икони во земјата на потекло, предложен од Министерството за надворешни работи и одлучи да го достави до Собранието на Република Северна Македонија.

-Со ратификацијата на Договорот, според образложението од Министерството за надворешни работи, исклучително вредното културно наследство, за кое претходно се договорија Северна Македонија и Албанија, ќе биде вратено во Република Северна Македонија. Ова ќе ги продлабочи и унапреди културните односи меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија и ќе ја манифестира сериозната посветеност на двете држави во ефективната заштита на културното наследство и имплементацијата на меѓународните конвенции од оваа област, информираат од Владата.

Би можело да ве интересира

Поплави во Албанија, загина комунален работник

А1он

Спиропали: Заедничката иднина на Македонија и Албанија e во ЕУ

Горан Наумовски

ВИДЕО: Хаос во албанскиот парламент, пратениците се тепаа, летаа чадни бомби и шишиња

Катерина Ѓуровски

Голема антитерористичка акција во Албанија, опколено е цело село од бројни полициски сили

Албанија го отвора последниот Кластер од пристапните преговори со ЕУ

Албанските власти екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога