Утврден идентитетот на жртвата во сообраќајката во близина на Битола

Од:

СВР-Битола информира дека е утврден идентитетот на лицето кое утрово загина во тешка сообраќајна несреќа на местото наречено „Кукуречанска раскрсница“.

Станува збор за В.Н. (24) од Битола кој почина возило „опел корса“ кое се запали, а телото на возачот е изгорено.

– Утрово во 5.08 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Прилеп – Ресен, во близина на Кукуречанска крстосница се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „сканиа“ со приколка управувано од Б.М.(44) од Штип и возило „опел корса“ управувано од В.Н.(24) од Битола. Во несреќата, патничкото возило се запалило, а телото на возачот било опожарено, по што починал, соопштија од СВР-Битола.

Увид извршила екипа од СВР Битола како и дежурен обвинител од Основното јавно обвинителство кој наредил да се изврши обдукција на починатиот.

Би можело да ве интересира

44-годишен возач од Сарај загина во сообраќајка на скопската обиколница

Горан Наумовски

Осум возила се „исчукаа“ на автопатот Штип – Скопје

Стружанка почина откако во неа удри товарно возило

Предраг Петровиќ

Сообраќајка на „Партизанска“, мотоциклист е тешко повреден

Еден загинат, тројца тешко повредени во сообраќајка на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка

Горан Наумовски

Во сообраќајка загина позната српска тенисерка

А1он