Утврден идентитетот на загинатите во сообраќајката на патот Битола-Прилеп

Од:

СВР-Битола го утврди идентитетот на лицата кои загинаа во тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случи во непосредна близина на пелагониското село Лознани кое се наоѓа на регионалниот патен правец Битола-Прилеп.

Во сообраќајната несреќа учествуваа патничко моторно возило марка „Фиат-тофас“ со скопски регистерски таблици и патничко моторно возило „Фолксваген-Голф“ со битолски регистерски таблици, потврди Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.

– Во тешката сообраќајна несреќа на лице место загинаа Д.И. (38) и Б.Р. (24) двајцата од Битола и Ѓ.Ф. (20) од Прилеп кои патувале со возилото „Фиат-тофас“. На местото на несреќата загинаа и лицата  З.А. (17), А.Н. (19), а тешко повредени се А.Х. (21) и М.Ј. (18) сите жители на крушевското село Алданци, истакна Стаматова.

По тешката сообраќајна несреќа, регионален патен правец Битола-Прилеп до 1 часот по полноќ беше во прекин, а сообраќајот пренасочуван по стариот пат Битола-Прилеп.

СВР-Битола водат истрага за утврдување на причините за тешката сообраќајна несреќа.

Би можело да ве интересира

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип