Утврден идентитетот на 45-годишната жена што се самозапали

Од:

„Според извршената идентификација, Министерството за внатрешни работи потврди дека опожареното лице во Градскиот Парк во Скопје е 45 годишната Р.С.од Скопје.

Надлежниот јавен обвинител од Основното јавно обвинителство – Скопје вчера изврши увид во Градскиот парк на местото каде беше пронајдено опожареното тело на женско лице. Од местото е подигнат доказен материјал и за истиот јавниот обвинител издаде Наредба за криминалистичко – техничко вештачење, како и Наредба за обдукција на телото.

Јавниот обвинител изврши и разговор со едно лице кое било сведок на настанот. Сведокот го слушнал пискотот на сега починатата во моментот додека горела и повикал екипа на Брза помош со која комуницирала до нејзиното доаѓање на местото на настанот.

Основното јавно обвинителство – Скопје работи на утврдување на причините на настанот“, се вели во соопштението на Јавното Обвинителство.

Би можело да ве интересира

Тешко повредена е 21 годишна велешанка – падна од мотоцикл

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Млад возач од Крушопек прегази во Скопје гевгеличанка на велосипед

А1он

Пронајдени двајца починати мажи во Тетовско

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата