Утрово започнаа две трансплантации на бубрези од починат донор

Од:

На Клиниката за Урологија утрово започнаа две трансплантации на бубрези од починат донор, по направената експлантација на органите која заврши во доцните ноќни часови, информира Министерството за здравство.

– Благодарение на хуманоста на семејството на донорот и нивната одлука да се донираат органите, двајца пациенти на дијализа добија шанса за нов живот, соопшти МЗ.

Министерот за здравство д-р Венко Филипче упатува неизмерна благодарност до ова храбро семејство кое уште еднаш ни покажа дека е возможно живот да се подари.

„Дека можеме да веруваме во чуда и некој да добие втора шанса за живот. Благодарност до сите лекарски тимови кои се вклучени во оваа трансплантација. На пациентите им посакакуваме брзо закрепнување по операциите“, се додава во соопштението на Министерството.

Ова е четврта по ред трансплантација од месец април до сега. Само во 2021 година се направени три трансплантации на срце и осум трансплантации на бубрези од починат донор.

Би можело да ве интересира

На Клиника за ортопедија извршена втора успешна трансплантација со коска од починат донор

МЗ: Коска од починат донор имплантирана на прсти кај 13-годишно дете на Клиниката за ортопедија

А1он

Возач на Итна помош за пари лажел дека посредува при трансплантација на бубрег

Почина жената на која и беше трансплантиран бубрег од свиња

Изведена мултиорганска трансплантација на органи – пациенти добија срце, црн дроб, бубрези

Катерина Ѓуровски

Направена уште една трансплантација на срце и бубрези од починат донор