Утрото студено, преку ден до 14 степени

Од:

Утрото денеска ќе биде студено, по одделни котлини со услови за појава на утринска магла.

Во текот на денот времето ќе биде сончево со мала облачност која во вечерните часови ќе се зголемува.

Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -10 до -2, а максималната ќе достигне од 7 до 14 степени.

Во Скопје претежно сончево и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне 10 степени.

Според УХМР, в петок ќе има зголемена облачност и ќе дува засилен ветер од северен правец.

Потоа следува период на стабилно и суво време со пораст на температурите.

Би можело да ве интересира

Времето денеска ќе биде сончево и топло, попладне услови за дожд

Сончево и топло, до 39 степени

Денеска сончево со умерена облачност и максимални 33 степени

Денеска во државата ќе биде претежно сончево со умерен до засилен ветер

Сончево и топло, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Денес сончево и топло, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи