Утре и задутре голем дел од Кичево без вода за пиење

Од:

Во Кичево утре и задутре поради спојување на водоводна линија со главниот цевковод без вода за пиење ќе бидат корисниците од улица Партизански Одреди, дел од улица Влашки Пат, населба 22 Декември и населба Горно Пашино, делот под Крушино, селата Осој, Мамудовци, Трапчиндол и армијата на гарнизон Кичево.

Од ЈП Комуналец – Кичево известуваат дека во овие денови нивни цистерни со вода ќе минуваат низ местата кои ќе бидат во прекин поради снабдување со вода на граѓаните од овие места.

Би можело да ве интересира

Уште се полавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Расправија во кичевско прерасна во напад – ранетиот итно е пренесен во Скопје

Горан Наумовски

По подобрувањето на воздухот, МЖСПП ги прекина мерките во Кичево

Во Кичево и Струмица надминат прагот на алармирање за аерочестички до 10 микрометри

Шестгодишно дете е тешко повредено во сообраќајка во Кичево