Утре средба на г.г. Стефан со Жерновски

Од:

Утре во 10 часот градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски, ќе оствари средба со поглаварот на МПЦ, архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, соопшти Службата за информирање на општина Центар.

На средбата се очекува да стане збор за актуелните случувања во општина Центар, кога дмеонстранти, предводени од „Веритас“ ги демолираа просториите на Советот на општината, фрлаат камења и јајца.

Нивното објаснување е дека тоа го прават во име на верата и дека нема да дозволат советниците да изгласаат стопирање на изградбата на црквата „Свети Константин и Елена“.

Неколку пати Жерновски објаснуваше дека на дневен ред нема точка со која се предвидува стопирање на веќе започнати објекти, па ни на црквата.

Би можело да ве интересира

Велигденско послание на г.г. Стефан: Со нашата вера и со богоугодни дела да го озариме светот со велигденска радост

Епископот велички г. Никола нов администратор на Австралиско-новозеландската епархија, г. Петар разрешен по негово барање

Доделено црковно признание во знак на благодарност на Протореј-Ставрофор Спасе Стефановски

Горан Наумовски

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање