Општина Куманово ги информира граѓаните дека утре ќе се спроведе авионско прскање против комарци. Дезинсекцијата против комарците ќе започне утре со почеток во 05 часот и ќе трае до 08 часот.
Доколку временските услови не се поволни, тогаш, авиодезинсекцијата ќе се изврши во истиот термин, следниот ден, кога ќе бидат поволни временските услови.
Од општина Куманово потсетуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите. Општината за авионско прскање пртотив годинава одвои милион и 118.000 денари.