Утре прскање против комарци во Кратово

Од:

Првото прскање против комарци на подрачјето на општина Кратовоо за 2018 година ќе се изврши утре.

Од локалната самоуправа на општина Кратово информираат дека аеро-запрашувањето ќе биде спроведено во раните утрински часови, во периодот од пет до девет часот.

Со прскањето ќе биде опфатено течението на Кратовска река од село Кетеново во горниот реон, како и целото градско подрачје.

Поради авионско третирање против комарци од општината апелираа пчеларите во времето на третирање и три-четири часа подоцна да ги затворат кошниците-сандаците со пчели, поради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

Во случај на врнежи, прскањето ќе биде одложено за наредниот ден.

Би можело да ве интересира

Апасиев: Неспособни тендераши не убедуваат дека комарците се размножувале во вазните за цвеќиња на гробишта

А1он

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

Митески: Нема утврдени жаришта на комарци во Аеродром

Клековски предупредува: Внимание од убоди од комарци, вонредна контрола на живината

Во вторник ќе се прска против комарци во Скопје

Случаите на Западнонилска треска повторно ги актуелизираа предупредувањата за средството за прскањето против комарци

Предраг Петровиќ