Утре протест, новинарите нема да го почитуваат Законот за бомбите

Од:

Предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ да се забранат бомбите со закана од 4 до 10 години затвор, наиде на револт и отпор кај новинарите и медиумите кои ги објавуваа цело време.

Тие не се согласуваат со ваквата идеја преточена во закон, и најавуваат дека и покрај казната нема да ги бришат објавените бомби. Како реакција на оваа најава, бомбите почнаа масовно повторно се споделуваат на социјалните мрежи.

Еве дел од коментарите:

-А Законов е лепен и монтиран?

И одново и одново ќе ги споделувам снимките, се додека не падне оваа власт и не се создадат елементарни услови за воспоставување на демократија

-Предлог-закон за престанување на објавувањето на аудио снимките од прислушуваните разговори
член 25

– На сите што слушнале или имале намера да слушнат дел од аудио-снимките ќе им биде направена лоботомија.

– за спроведување на чл.25 ст. 1 од овој Закон е одговорен Заменик на Претседателот на Владата задолжен за спроведување на Рамковен договор

-Али Ахмети беше тој кој велеше, објавете се што имате за нас, па дури и приватните разговори. Сега ДУИ бара со закон да се забрани емитувањето на бомбите . Од што се плашите бе НАРОДНИ избраници???

За утре веќе е закажан протест пред Собранието во организација на граѓанското движење “АЈДЕ“ против предлогот на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Еве што стои во најавата:

7 октомври, среда, 18:00 часот, пред Собранието на Република Македонија. Протест против најавениот предлог-закон за забрана на објавувањето на прислушуваните материјали.

СТОП ЗА ЦЕНЗУРАТА!
НЕ ГИ ДАВАМЕ БОМБИТЕ!
НЕ ЈА ДАВАМЕ ВИСТИНАТА! СТОП ЗА ФАШИСТИЧКИ ЗАКОНИ!
НЕМА ДА ВИ ПОМИНЕ!

Би можело да ве интересира

Вработените на „Паркови и зеленило“,„Флораком“ и „Луна“ најавуваат протести секој ден

(ВИДЕО) Колумбијците протестираат против Трамп, четворица полицајци повредени со стрели

Движењето „Ниту една повеќе“ вечерва изрази револт поради убиството на Росица, како и многу други случаи на фемициди

Кордон помеѓу студентите и местото каде се одржува воената парада во Белград

„Ниту една повеќе!” – протест против насилството врз жените

А1он

Илјадници демонстранти се собраа во Тел Авив барајќи крај на војната во Газа