А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Утре промоцијата на книгата „Енвер Хоџа” и дебата

by А1он15/12/2014 - 16:09168
Share0

На 16 декември 2014 година (вторник), во ГЕМ клубот во Стара чаршија, со почеток во 19 часот, ќе биде промовирана книгата „Енвер Хоџа“ од Бленди Февзиу. „Енвер Хоџа“ претставува прва биографија заснована на документи од личната архива и на исповедите на оние што го познаваа. Тој беше диктаторот што ја изолира Албанија, човекот кој со никого не ја сподели власта во текот на повеќе од 40 години и оној што го искреира најрепресивниот политички режим во Европа.

Добивај вести на вибер

Енвер Хоџа, многу години по ред, ѝ ја наметнуваше на историјата својата верзија. Тој бесрамно ги преиначи настаните, избриша или ликвидира многу ликови за да воздигне во историјата само еден единствен лик: својот сопствен. Поинаку од многуте други диктатори, тој не само што ја лажираше историјата со елиминирање на сведоците и на луѓето кои беа покрај него, како и на сите оние што не ги поддржуваа неговите измислици, туку оваа елиминиција и лажирање ги започна мошне рано: и тоа не тогаш кога се искачи на пиедестал, ниту тогаш кога стана најмоќниот човек во земјата, туку уште во првите години од својата кариера во Комунистичката партија на Албанија, уште додека е во илегала, уште додека трага и пред да ја има власта што ќе ја присвои подоцна.

По 90-тите години на 20 век, за да ја прикажат вистината за Енвер Хоџа, за да ја отсликаат неговата кариера онаква каква што навистина била, раскажувачите често влетуваа во стапицата да се надмине целта – тој да се оцрнува без причина и заради мемоаристиката диктирана од дневните настани. Тие ќе се напрегнат да го симнат Енвер Хоџа од сите пиедестали, поттикнувајќи ги основните прашања: Дали тој бил вистински комунист? Дали бил челник на Партијата или таа му послужила само колку да ја преземе власта во свои раце? Речиси никој од нив не поседуваше бистрина да сфати дека сево ова и не е толку важно: Енвер Хоџа му се наметна на комунистичкото движење, ги употреби несогласувањата во неговите редови, со исклучителен талент се движеше меѓу видните лидери на времето, ја придоби нивната доверба, им се наметна, стана челник, за потоа, еден по еден, да ги елиминира.

Книгата, во издание на Фондација Отворено општество – Македонија, ќе ја промовираат Љубомир Данаилов Фрчкоски, Мерсел Биљали и Владимир Милчин.

foom

Би можело да ве интересира

ФООМ донира 100 илјади долари за најзагрозените ромски семејства

Ана Ололовска02/04/2020 - 11:30

ФООМ додели награди за средношколци и наставници

Ана Ололовска08/02/2019 - 15:27

ФООМ бара итно повлекување на законската измена за заменици директори во јавните претпријатија

Наум Локоски28/12/2018 - 13:18

ФООМ – 25 години поддршка за силни и активни граѓани и демократско општество

Ана Ололовска08/05/2018 - 14:23

НОВУС го заврши сетот на обуки за запознавање на младите со европските политики и институции

Ана Ололовска15/12/2017 - 12:28

Фондацијата „Отворено општество“ бара официјална потврда од ЈО за истрагите против НВО секторот

Ана Ололовска22/11/2017 - 13:07
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен