Утре пренасочување на сообраќајот на патот Бучим – Радовиш поради асфалтирање

Од:

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по суви коловози со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Поради изведување градежни активности на експресен пат А4 Штип-Радовиш, утре, од 17 часот сообраќајот на потег Бучим – Радовиш, ќе се изведува по паралелен пат со ограничена бризна од 30-60 км/ч. Пренасочувањето се врши поради изведување на асфалтерски работи на истиот потег на главниот пат, соопшти АМСМ по известување од СТРАБАГ АГ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Би можело да ве интересира

Спасен Германец кој залутал на Скопска Црна Гора

Забрани за товарни возила низ државава, снежни врнежи се очекуваат и ноќва

А1он

Нормализиран сообраќајот на патот Гевгелија-Богданци

Поради излизгана машина за чистење снег во прекин сообраќајот на патот Гевгелија – Богданци

Катерина Ѓуровски

Сообраќајот се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози и наместа со остатоци од кашест снег

Забарана за тешки товарни возила на два патни правци