Утре посебен сообраќаен режим на „Илинденска“

Од:

Утре од 08:30 часот до 12:30 часот, во организација на спортски триатлон клуб Триоги рејсинг Скопје, ќе се одржи интернационален натпревар „Топси Триоги Триатлон“ кој започнува со пливање во базенот „Карпош“, потоа продолжува со возење велосипед со старт од Вип Арена СЦ Борис Трајковски долж пристапната улица, десно по булеварот „Илинден“ до крстосница со улицата „Љубљанска“ каде се врти полукружно назад по истата коловозна лента на булеварот „Илинден“ до крстосница со булеварот „8-ми Септември“ и назад кон ВИП Арена СЦ Борис Трајковски од каде се започнува со трчање долж тротоарот на булеварот „8-ми Септември“ десно по булеварот „Илинден“ до целта пред ВИП Арена СЦ Борис Трајковски, во Скопје.

Од тие причини Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 07:30 до 12:30 часот ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на булеварот „Илинден“ од крстосница со булеварот „8-ми Септември“ до крстосница со улицата „Љубљанска“ при што за сообраќај ќе биде затворена само коловозната лента во насока на движење од „Мида моторс “ кон населбата Ѓорче Петров, а сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.

За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

Би можело да ве интересира

Посебен сообраќаен режим на неколку улици во Центар, Аеродром и Ѓорче Петров за Водици

А1он

Рама во Скопје, затворени улици – избегнувајте го овој дел од градот

А1он

МВР: Значително намален бројот на жртви во сообраќајот

МВР: Значително намалување на бројот на жртви во сообраќајот во 2022, нова кампања за безбедност на пешаците

Семафорите во центарот на Скопје утре нема да работат

А1он

Железарци ги засилуваат протестите до надлежните: Запрете го возачкото дивеење на „Коце Металец“

Жарко Настоски