Утре контра протест пред седиштето на СДСМ во Охрид

Од:

Социјалци, стечајци и пензионери утре според информации на А1он ќе одржат контра протести пред зградата на локалната самоуправа во Охрид.

Според наши информации протестите треба да се одржат во 10 часот наутро. Одговор побаравме од Градоначалникот Александар Петрески. Според него станува збор за протести кои ги организира ВМРО ДПМНЕ, како што било случај и во неколку други градови низ Македонија.

„Тие протести не се од стечајците или социјалците, туку се од ВМРО ДПМНЕ. Ова што се случува во Македонија го нема никаде на друго место во светот, односно партијата која е на власт да прави протести пред седиштата на опозицијата и да протестира против опозицијата. Протестите кои ќе се организираат ќе бидат од членови на ВМРО ДПМНЕ и се без никаква основа“, рече Петревски

Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, Атанаско Михаилов негира дека зад протестите се крие ВМРО ДПМНЕ

„ Треба да ги прашате во СДСМ, зошто тие луѓе сакаат да протестираат пред опозицијата Луѓето кои си имаат проблеми кои ќе останат без плата, без пензии и без социјална помош, тие протестираат и тоа е нормално. Луѓето сами си се организираат и нема потреба некој да ги организира за да ги бараат своите права. Нема потреба ние како партија да организираме такви протести и најмалку за категорија на социјални случаи кои имат лично своја мака. Мислам дека тие протести се исти како оние што се одржаа во други градови низ државата“ рече за А1 Михаилов.

Најавата за протести пред општината во Охрид се шири и на социјалните мрежи.

Би можело да ве интересира

Жена загина во сообраќајна несреќа што се случи во центарот на Охрид

Горан Наумовски

Уште еден земјотрес во Охридско-струшкиот регион

Серија земјотреси во регионот на подрачјето Пештани-Охрид-Струга

Горан Наумовски

Нов огромен објект никнува во старата чаршија, алармира Охрид СОС

Катерина Ѓуровски

Охриѓанец повеќе пати силувал малолетничка, девојчето во март се породило

Николоски: Го завршуваме патот од Охрид кон Св. Наум

А1он