Утре ден на жалост во Охрид

Од:

Советот на општина Охрид на денешната вонредна седница свикана по повод ненадејната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски едногласно донесе одлука утрешниот ден (17 декември) да биде прогласен за ден на жалост на територијата на општината.

Согласно одлуката, за утре се откажуваат сите закажани манифестации од културно забавен карактер.

Комеморативната седница за Стојаноски ќе се одржи утре во 10 часот, во Големата општинска сала, по што во 14 часот на Градските гробишта во Охрид ќе се одржи погребот.

Градоначалникот на Охрид проф. д-р. Јован Стојаноски почина вчера изутрина, во возила на службата за итна медицинска помош, на пат кон Центарот за кадриоваскуларни болести.

Стојаноски беше професор на Факултетот за туризам и угостителство во Охрид, а градоначалничката функција ја вршеше од 20 октомври минатата година, по победата во првиот круг од Локалните избори.

Стојаноски, роден на 7 август 1970 година во Охрид, беше оженат и татко на две деца.

Би можело да ве интересира

Уште се поплавени домови, дворови, имоти, евакуираните во Кичево и натаму се во спортската сала

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Излеани реки, поплавени населби, одрони – дождот направи проблеми

Катерина Ѓуровски

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Земјотрес во Охрид и околината со интензитет од четири степени според Европската макросеизмичка скала

Земјотрес во Охрид

Нормализиран е сообраќајот на патот Охрид – Св. Наум