Утре ден на жалост во Кавадарци, по трикратното убиство

Од:

Утрешниот ден се прогласува за ден на жалост во Кавадарци, по повод трагичната смрт на кавадарчаните Илија, Биљана и Снежана, членови на семејството Леови, кои во неделата ги загубија животите како жртви на семејно насилство.

Ваква одлука донесе денеска градоначалникот на Кавадарци Александар Панов.

– На денот на жалоста знамињата во општина Кавадарци ќе бидат истакнати на половина копје.

Сите културни и спортски манифестации закажани на територијата на општината за утре се одложуваат.Угостителските објекти кои се на територијата на општина Кавадарци за време на денот на жалоста ќе емитуваат сериозна музика, објаснуваат од Службата за односи со јавноста при кавадаречката локална самоуправа.

Би можело да ве интересира

„Боите на Свети Трифун низ делата на ликовните уметници“, традиционална изложба во Музеј галерија – Кавадарци

А1он

Момче почина во кавадаречко Возарци

Семејно насилство во Кавадарци: Пијана жена од Хрватска со нож го избоде сопругот

Горан Наумовски

Опожарени две хали од магацински простор на конфекција во Кавадарци

Тешко повреден работник во фабрика во Кавадарци

Тешка сообраќајка во Кавадарци, повреден е пешак