Усвоени законските измени за зголемување на поддршката за обесштетување од поплави

Од:

Собранието на Република Македонија денеска, во рамки на 51. седница, едногласно ги прифати измените на Законот за земјоделство и рурален развој со кои максималната висина на државната помош за штети од поплави или други елементарни непогоди, ќе се зголеми до 100 проценти. Досега, поддршката изнесуваше 60 до 80 отсто за подрачјата со ограничени можности за земјоделско производство.

Законските измени ќе овозможат целосно обесштетување на сите земјоделски стопанства и домаќинства кои претрпеа големи штети од поплавите во периодот меѓу 26 јануари и 6 февруари годинава.

Висината на помошта и средствата ќе се утврдуваат со годишните програми за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, зависно од претходно утврдените штети и загуби предизвикани од природни непогоди и неповолни климатски настани.

Во текот на расправата, пратеникот Љупчо Димовски од Социјалистичка партија оцени дека ова е уште еден исчекор на Владата која секогаш им излегува во пресрет на земјоделците и има чувство за нивните потреби и проблеми.

Покрај обесштетувањето, додаде Димовски, неспорна е и исплатата на тековната финансиска поддршка.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, невообичаено високата температура што ја зафати Македонија меѓу 26 јануари и 6 февруари предизвика топење на снежната покривка, што во комбинација со обилните врнежи резултираше со нагло зголемување на нивото на водотеците предизвикувајќи поплави во 43 општини. Штети имаше во повеќе сектори, а најпогодени беа транспортот, земјоделството и иригациските системи.

Доставените податоци од општинските комисии за штети покажуваат дека во 18 општини се пријавени штети во секторот земјоделство.

Би можело да ве интересира

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик

Левица: Пратениците повторно испумпаа 14,4 милиони за патни трошоци, ние нема да учествуваме во овој грабеж

Горан Наумовски