Усвоени законски измени за спроведување на ваучерскиот систем за поддршка на спортот и за граѓанските организации

Од:

Во пакетот закони од сферата на финансиите, Владата на денешната 111 седница го усвои и Предлог – закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на добивка, по скратена постапка.

Целта на предложеното изменување и дополнување на Законот, како што појаснуваат од владината прес-служба, е да се изврши појаснување и допрецизирање на одредбите од Законот кои се однесуваат на даночното ослободување за дадените донации во спортот преку ваучер системот, трансферните цени, непрофитните организации, непризнатите расходи и други прашања, заради подобрување на нивната имплементација.

На денешната седница, на предлог на Министерството за финансии е утврден и Предлог – законот за изменување и дополнување на Законот за преземање на акционерски друштва, по скратена постапка.

Предложените измени и дополнувања на Законот имаат за цел да се прецизираат критериумите за заедничко дејствување, како и известувањата до Комисијата во однос на заедничкото дејствување заради заштитата на малите акционери, да се поттикне тргувањето со хартии од вредност, и да се олесни постапката за преземање на акционерски друштва од страна на странски инвеститори.

Би можело да ве интересира

Роналдо без милост кон водителот: „Кажи му на тој да престане со ботокс, изгледа како јаболко“

Монако згасна! Клубот престанува со работа по 12 години успешна приказна

Новак Ѓоковиќ во полуфиналето против Данил Медведев

22. издание на Виз Ер Скопски маратон урна рекорди кои досега беа недостижни

Предраг Петровиќ

Билиќ: „И мене ми е срам, овој пораз е неодбранлив“

Англичаните брутални кон Модриќ: Од него остана само бледа сенка