Усвоени годишни програми за развој на туризмот, заштита на природата, јавно здравје…

Од:

Предлог – програмата за развој на туризмот за 2020 година, како и годишната програма за финансирање на изработка на урбанистички планови, регулациски планови на генерални урбанистички планови, урбанистичко – планска документација и урбанистичко – проектна документација, се усвоени денеска на седница на Владата.

Во функција на редовното работење, согласно со законските обврски за донесување на програмите за работа на почетокот на секоја календарска година, на денешната седница се разгледани и усвоени програми за работа на повеќе министерства, јавни претпријатија, агенции и акционерски друштва во државна сопственост.

На предлог на Министерството за животна средина и просторно планирање на седницата е усвоена и Програмата за заштита на природата за 2020 година, како и Програмата за рамномерен регионален развој за оваа година на Министерството за локална самоуправа, а на предлог на Министерството за здравство, Националната годишна програма за јавно здравје во Република Северна Македонија за 2020 година, како и програмите „Здравје за сите”, за рана детекција на малигни заболувања и за трансплантација за 2020 година.

Би можело да ве интересира

За две години вработените во државните институции ќе имаат за 40 отсто повисока плата, колективниот договор помина на владина седница

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни

Горан Наумовски

Владината прес-служба тврди: Лажна вест е тврдењето на СДСМ дека семејството на премиерот Мицкоски патувало до Хрватска со владиниот авион

Горан Наумовски

Владата ги утврди новите амбасадори – Муртезани заминува во НАТО, Ефремов во Софија

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

Последна блокада на ССМ пред Владата во барање за зголемување на платите

Горан Наумовски