Усвоена информација за подготовката на Проектот за итно справување со Kовид-19

Од:

Владата денеска на седница усвои Информација за текот на подготовката на Проектот за итно справување со Ковид-19 во Северна Македонија, а го задолжи Министерството за финансии да аплицира до Светската банка за обезбедување заем за негово спроведување.

-Корисници на проектот ќе биде целокупното населението земајќи ја предвид природата на заболувањето, заразените лица, популацијата под ризик, особено старите лица и лицата со хронични болести, медицинскиот персонал, медицинските институции и институциите за тестирање како и јавните здравствени институции ангажирани за справување со КОВИД-19 во Република Северна Македонија, информираат од владината прес-служба.

Оттаму додаваат дека како корисници ќе се вклучат и лицата кои имаат потреба од ублажување на социјалното влијание (социјална заштита).

Владата го задолжи Министерството за финансии да ја подготви и да ја достави до Светска банка Апликацијата за избор на услови за обезбедување на заем од Светска банка за Проектот за итно справување со Ковид-19

Би можело да ве интересира

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски