Усвоен првиот годишен Извештај за имплементација на реформите во правосудството

Од:

Првиот годишен извештај за имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017-2022) е усвоен денеска на седница на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата што се одржа во Владата на Република Македонија, која ја водеше министерката за правда Рената Дескоска.

Како што соопштија од владината прес-служба, Извештајот е презентиран од претставник на Министерството за правда и истиот покажува преглед и степен на реализација на досегашните достигнувања во реформата на правосудниот сектор предвидени со Акцискиот план на Стратегијата. Извештајот е со фокус на досега донесените законски решенија и постигнатото зголемување на ефикасноста на судовите и подобрување на правосудството.

На седницата било констатирано, дека Извештајот ги следи стратешките цели на реформите во овој сектор и ги опфаќа мерките и активностите кои ќе се реализираат во предвидениот рок, со вклучување на сите институции во правосудниот систем.

Пред членовите на Советот за следење на имплементацијата на Стратегијата за реформи на правосудниот сектор, била претставена и Анализата на судската мрежа во Република Македонија.

-Во врска со Анализата на судската мрежа во Република Македонија беше заклучено дека подетално ќе се разгледува и на една од наредните седници, од каде ќе произлезе потребата за понатамошни анализи или креирање политики, се наведува во соопштението.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Ги поставија своите судии и почнаа со репресијата

Горан Наумовски

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда

СДСМ: Преземање на судството, неуставна Резолуција и Катица во функција на власта се дел од исто сценарио

Советот на јавните обвинители ја назначи Наташа Крстевска Цалева за в.д. шеф на Вишото ЈО Скопје

ВМРО-ДПМНЕ: Процентуално од БДП Македонија одвојува повеќе за правосудството и од далеку помоќни земји во Европа, а ефикасност и правда скоро и да нема

(ВИДЕО) Манасиевски: Јавноста не гледа подобрување на квалитетот на судските процеси, намалување на предмети или пак поголема отчетност