Усвоен План за унапредување на родовата сензитивност на Собранието 2020 – 2021

Од:

Членовите на Собраниската Комисија за еднакви можности на мажите и жените денеска усвои План за активности за унапредување на родовата сензитивност на Собранието на Република Северна Македонија 2020 – 2021, оставајќи им аманет на пратениците од следниот состав да ги спроведат активностите предвидени со Акцискиот план.

Општ заклучок е дека Македонија е лидер по регионот и пошироко по прашањето на родова сензитивност, но оти, како што рече, генералната секретарка на Собранието Цветанка Иванова на денешната јавна расправа „не сме толку убави во огледалото како што се гледаме ние самите“.

– Треба уште многу да се направи за да се каже дека имаме родова сензитивност. За ова е потребна политичка волја, поддршка од меѓународните организации, како и од службата во Парламентот, рече Иванова.

Таа, како и повеќе други пратенички и претставнички на граѓанскиот сектор, уште еднаш ги повика жените политичарки и нивните колеги да се лобираат и силно да се заложат за предлогот 50:50, односно жените на парламентарните листи, но и на локалните избори да бидат подеднакво застапени како и мажите. Исто така дел од пратеничките сметаат дека треба да се води сметка не само за застапеноста туку и за квалитетот на кандидатите што се на листите без разлика дали станува збор за мажи или за жени.

Планот предвидува повеќе активности за родово сензибилизирање на Парламентот, како родово сензибилизирано законодавство, управувањето со човечките ресурси, алатки за собраниските служби за да можат да го гарантираат тоа, а меѓу најважните е родовото буџетирање.

Иванова рече дека во делот на службите, сега кога ќе се донесе Законот за Собрание, ќе се изготви нова систематизација во која ќе има предвидено работно место советник за родово законодавство.

Планот предвидува исто така еднаш годишно да се одржува пленарна сесија на која ќе се дебатира за прашања поврзани со родова сензитивност, а исто така е предвидено воведување годишна награда за достигнувања за овие прашања.

Претседателката на Комисијата за еднакви можности на мажите и жените Даниела Рангелова рече дека иако 38,3 отсто од пратениците во Собранието во овој состав се жени, кај нив недостасува родова сензитивност и оти им е потребна поголема храброст за да делуваат во своите средини и партии.

– Моја желба е, рече таа, да се исполни квотата 50:50.

Рангелова им остави аманет на пратениците од следниот состав во однос на зголемување на ингеренциите на Комисијата за еднакви можности, која нема право да организира надзорни расправи ниту да разгледува закони кои се поврзани со прашања за еднакви можности.

Амбасадорот на ОБСЕ во Северна Македонија, Клеменс Која истакна дека од денешната сесија Планот ќе стане клучен стратешки план за родово сензибилизирање на Парламентот. Со помош на ОБСЕ беше изготвен Извештај за состојбата со родовото сензибилизирање во Парламентот со цел подобрување на ситуацијата и правилно дејствување во иднина.

Савка Тодоровска од Националниот совет за родова рамноправност побара од претставничките на политичките партии и на меѓународните организации да лобираат во политичките партии за да се постигне жените и мажите да бидат подеднакво застапени на листите за предвремените парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Нема да успеат, Србија нема да застане

Брнабиќ: Погазувајќи го достоинството на Собранието, се радуваат оние кои не сакаат просперитетна Србија

Продолжува амандманската расправа за Предлог-буџетот за 2025

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година

Почнува амандманска расправа за Предлог – буџетот за 2025 на Комисијата за финансирање и буџет