Уставот не дозволува Чавков да ја замени Јанкулоска

Од:

Спротивно на Уставот на Република Македонија е на местото на Гордана Јанкулоска, за министер за внатрешни работи да биде поставен владиниот предлог, Митко Чавков, кој во моментов ја извршува функцијата директор на Бирото за јавна безбедност.

Владата до Собранието достави предлози за нови министри кои ќе ги заземат местата на Јанкулоска и на министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, кои вчера поднесоа неотповикливи оставки. Се очекува Собранието денеска во 13.00 часот да го изгласа предлогот, но изборот на Чавков ќе биде противуставен затоа што највисокиот акт на Македонија забранува функцијата министер за внатрешни работи да ја врши лице кое работело во државна институција.

„Со органите на државната управа во областа на одбраната и полицијата раководат цивилни лица кои непосредно пред изборот на тие функции биле цивили најмалку три години“, стои во член 97 од Уставот.

За Чавков е познато, според некои информации, дека раководел со акцијата на 24 декември 2012 година кога од собраниската сала беа исфрлени пратениците на опозицијата и новинарите.

Работната биографија на Чавков говори дека по завршувањето на академското образование се вработува во МВР. Од 1992 до средината на 1999 година е прв човек на Секторот за криминалистичка полиција при СВР Струмица. Од 1999 до 2001 година е заменик началник на СВР Струмица. Од 2005 година до септември 2006 година главен инспектор за финансиски криминал при Одделот за организиран криминал. Од 2006 до април 2012 година е шеф на Одделот за организиран криминал (денес Центар за сузбивање на организиран и сериозен криминал). Од април 2012 година до мај 2013 година е прв човек на Централните полициски служби. Од мај 2013 е директор на Бирото за јавна безбедност.

Би можело да ве интересира

Онлајн закажување термин за сликање за лични документи

МВР: Апел до граѓаните да не отвораат линкови од СМС пораки

Битолчанец платил 22.500 евра за да му се вработи синот во МВР

(ВИДЕО) Шукова: Нов скандал во МВР, милионски тендер за возачки испити заврши кај советник на ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

Приведени полицајци во врска со пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он

Обновување на форензички софтвер, нема набавка на „софтвер за шпионажа“, реагира МВР

Катерина Ѓуровски