Уставните судии утре ќе расправаат за распуштањето на Собранието

Од:

Уставниот суд утре ќе расправа за иницијативата на ДУИ за оценка на уставноста на одлуките на претседателот на Собранието Трајко Вељаноски за распуштање на Собранието.

ustavensud

Иницијативата, која е денеска додадена на изменетиот дневен ред, е поднесена од пратеникот на ДУИ Талат Џафери, и е единствена точна на седницата. Од Уставниот суд итноста за ставање на дневен ред на оваа точка ја објаснуваат со тоа дека ова прашање не може да чека.

Уставните судии во февруари годинава веќе расправаа и ја отфрлија Иницијативата на пратеникот Павле Трајанов од Демократскиот сојуз и на Тодор Петров од Светскиот македонски конгрес, за одложеното распуштање на Собранието. Уставниот суд ја отфрли Иницијативата поднесена од Трајанов и од Петров, за оценување на уставноста на Одлуката на Собранието на Република Македонија да се самораспушти со одложено дејство.

Судот се прогласи и за ненадлежен да одлучува за поединечни акти на Собранието како што е оваа одлука.

Од Уставниот суд посочуваат дека Иницијативата поднесена од Талат Џафери има целосно нови елементи и оти за овој предмет има нова анализа.

Би можело да ве интересира

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on

Собранието ја изгласа потребата од Закон за проверка на странските инвестиции