Уставните измени ќе бидат изгласани во петок

Од:

На пладне започнува финалната фаза од измена на Уставот. За изгласување на амандманите и на Устаниот закон неопходно е 2/3 мнозинство, или 80 пратенички гласа.

По амнестијата и делумното исполнување на барањата на Алијансата на Албанците и Беса јасно е дека уставните измени ќе бидат изгласани, најверојатно во петок. Иако Деловникот дава по три дена да се расправа за секој од поднесените 4 амандмани, поради најавеното отсуство на ВМРО-ДПМНЕ, седницата ќе заврши во пократок рок.

Премиерот Заев прифати дел од амандманите на Алијансата за Албанците и БЕСА кои беа услов за подршка на уставните измени. Промена ќе претрпи Преамбулата, а зборот „граѓани“, нема да се споменува два пати. Се брише зборот „граѓаните кои живеат во нејзините граници“ и се набројувауваат сите заедници.

Владата ќе го прифати и амандманот кој се однесува на дијаспората и во него покрај македонскиот народ ќе бидат наведени и другите етнички заедници. Прифатливо е и Косово да биде наведено како петта држава со кога граничиме.

По Законот за амнестија, поддршката останува и од осумте независни пратеници кои произлегоа од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски повтори дека нема намера да го менува Уставот без гаранции од Европската унија

Вајц се надева дека земјава по локалните избори ќе ги направи уставните измени за внесување на Бугарите

ВИДЕО: Прво завршени преговори со ЕУ, па уставни измени, порача Мицкоски од Вашингтон

Катерина Ѓуровски

Имаме достоинствено решение на маса, а тоа се уставни измени се одложено дејство, истакна Мицкоски

Муцунски: Одбележуваме неславен јубулеј, 20 години од кандидатскиот статус и серија направени отстапки

Катерина Ѓуровски

Касами: Владината коалиција работи на забрзување на процесот на евроинтеграции