Уставниот суд утре ќе одлучува за прашања поврзани со изборите

Од:

Задолжувањето на ДИК да објави роковник за продолжување на изборните дејствија ден по завршувањето на вонредната состојба е едно од спорните прашања за кои утре ќе одлучуваат уставните судии.

Уредба со законска сила за прашања поврзани со изборниот процес, како што е објавено на сајтот на Уставен суд е четврта точка на дневен ред.

Вонредна состојба завршува в сабота, на 16 мај. Владата сè уште нема одлука дали ќе побара трето продолжување на вонредна состојба од претседателот Стево Пендаровски од 30 или помалку денови.

Според лидерот на владејачкиот СДСМ, Зоран Заев, доколку нема продолжување на вонредната состојба, изборен ден би требало да биде 8 јуни, а се повикува на Уредбата на Владата од 22 март за прекин на подготовките на избори за 12 април и продолжување со изборните дејствија за уште 22 дена.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ВРЕДИ: Овој состав на Уставен суд се однесува како југословенска политичка елита

Судиите одлучија – измените во Законот за прекршоци за „Безбеден град“ не се во спротивност со Уставот

А1он

Уставниот суд од 4 март почнува со седници во живо пред граѓаните

Уставниот суд одби иницијатива за нерезидентни пензионери, запре постапка за Кривичниот законик

Горан Наумовски

Дискриминација на пензионерите во странство – Законот за пензиите пред Уставен

Катерина Ѓуровски