Уставниот суд одлучи: Вработените во Финасии нема да добиваат 30 отсто повисоки плати и нема да ги вратат паричните средства што претходно ги добиле

Од:

Уставниот суд донел конечна одлука за платите на вработените во Министерството за финансии (МФ). Како што соопшти денеска претседателката на Судот, Добрила Кацарска, се работи за укинувачка одлука, а не за поништувачка, а тоа значи дека во иднина вработените нема да го земаат надополнувањето на платата и нема да ги вратат паричните средства што претходно ги добиле.

Според Кацарска, Уставниот суд оформил предмет и по иницијативата поднесена од Државната комисија за спречување на корупцијата за оспорување на балансерот за вработувањата по националност.

-Донесена е конечна одлука со која е укината оспорената одредба од законот. Се работи за укинувачка одлука, а не за поништувачка, што значи, во иднина вработените нема да го земаат тоа надополнување на плата, како што гласеше во Законот, и нема да ги вратат паричните средства што претходно ги добиле, истакна Кацарска, одговорајќи на новинарски прашања по промоцијата на поштенска марка по повод 60 години Уставен суд на Република Северна Македонија.

Во врска со балансерот, Кацарска информира дека иницијативата од ДКСК е поднесена пред десетина дена.

-Се работи за нов предмет. Точно е дека ДКСК има доставено таква иницијатива до Судот. Формиран е предмет и даден е на тим за работа, но, тој предмет е стигнат пред можеби десетина дена и земен е во работа, подвлече Кацарска.

Би можело да ве интересира

Уставниот суд ќе одлучува за празниците во Кичево за 2025

Став од Уставниот суд во врска со најавениот протест на работниците од културата

Катерина Ѓуровски

Уставен суд поведе постапка за Колективниот договор за култура и за член од Законот за култура

Катерина Ѓуровски

Судскиот совет ја предлага Мери Дика Георгиевска за судија на Уставниот суд

ДУИ: Албанскиот јазик и правата на Албанците не се прашања што можат да се преговараат

ВРЕДИ: Овој состав на Уставен суд се однесува како југословенска политичка елита