• Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
Од: А1он
Македонија

Уставниот суд ќе расправа за законитоста на 9-катницата кај „Мајчин дом“

by А1он31/10/2018 - 08:26207
Share0

Уставниот суд денеска ќе ја оценува законитоста на планот во Аеродром со кој е предвидена деветкатницата пред „Мајчин дом“. Одлуката за донесување на деталниот урбанистички план за градска четврт И 10 во Општина Аеродром, плански период 2016 – 2021 година е осма точка на дневниот ред за денешната седница на Уставниот суд.

Добивај вести на вибер

Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин во неколку наврати досега посочи дека единствено Уставниот суд може трајно да ја сопре изградбата на деветкатницата пред „Мајчин дом“ со оценување на законитоста на планот и негово поништување. Тој му замери на Уставниот суд кој со месеци не расправал по претставката од Аеродром за планот И 10.

Планот беше донесен во април 2017 година, без јавна дебата и со бројни забелешки од жителите.

Овој план на просторот пред „Мајчин дом“ предвиде изградба на деветкатница. Аеродромци се кренаа на протести пред две недели кога инвеститорот Фатмир Етеми го огради градилиштето и почна со подготовки за градење на деветкатницата откако добил одобрение за градење од Општина Аеродром.

На барање на жителите Општина Аеродром изминативе две недели преговараше со инвеститорот за трајно стопирање на градбата. Се разговарало за обесштетување со одобрување на нова локација или пак со пари. Нова соодветна локација не успеале да најдат ниту во Аеродром ниту пак пошироко на територија на Град Скопје, а обесштетување со пари би чинело 8 – 11 милиони евра.

Маја Илиевска-Пачемска

aerodromustaven

Би можело да ве интересира

Хаос во Амстердам: Поради невреме откажани над 800 летови на „Шипхол“

Горан Наумовски08/01/2026 - 14:13

Поради намалена видливост откажани се 20 летови

Предраг Петровиќ21/12/2025 - 13:0921/12/2025 - 19:04

Маглата го отежнува авиосообраќајот на скопскиот аеродром, откажани и одложени повеќе летови

Предраг Петровиќ21/12/2025 - 10:59

Каја Калас и тројца европски лидери заглавија на аеродромот во Франкфурт

А1он25/11/2025 - 19:17

(ВИДЕО) Д-р Трајановски: Да го покажеме нашето единство, решителност и верба во подобра иднина

Горан Наумовски31/10/2025 - 12:58

(ВИДЕО) Д-р. Трајановски: Поддршка на млади претприемачи

Горан Наумовски29/10/2025 - 13:54
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен