Уставниот суд едногласно ги поништи одлуките за распуштање на Собранието

Од:

Уставниот суд едногласно ги поништи во средата двете одлуки за распуштање на Собранието на Република Македонија, едната од 18-ти јануари 2016 година, а другата од 23-ти февруари 2016 година.

Образложението за поништувањето на одлуките донесени од страна на Собранието било исто како и Одлуката за поведување на постапка за оцена на нивната уставност.

Одлуката за поништување на двете одлуки ќе стапи на сила од денот на нејзиното објавување во Службен весник.

Минатата среда судиите едногласно донесоа одлука со којашто се запираат сите изборни дејствија, односно сите акти кои произлегуваат од одлуката за распуштање на Собранието.

Собранието истиот ден одржа седница на која беа направени повеќе измени и дополнувања на закони, меѓу кои и на Изборниот законик, со што беа одложени изборите кои беа закажани за 5-ти јуни.

Би можело да ве интересира

Насилникот кој истепа две деца на натпреварот меѓу „Шкупи“ и „Брегалница“ во судница побара симултан превод

САД: Судијата го отфрли барањето на Ријад за поддршка на киднаперите од 11 септември 2001 година

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Апелацискиот суд на САД ги запре масовните отпуштања од федералните агенции

Судот ги поништува царините на Трамп и ги прогласува за нелегални

Одреден притвор за полициските службеници поврзани со пожарот во диското во Кочани

Предраг Петровиќ